Една наставничка а две групни маски. Годинава наставничката Соња Цицимова настапуваше со своите ученици и на големиот и на малиот карневал. Но, двете маски не се со истите учесници. Всушност, на главното карневалско дефиле таа настапи со маската „Пчелин рај“, која е готова уште пред две години, но поради пандемијата карневалот во 2020 се откажа.
На детскиот карневал, пак, настапи со својот нов клас, второодделенците кои претставуваа „Весели печурки“ со џуџуиња седнати врз нивните „глави“.