Поради празниците, променет е распоредот за работа на пазарите во Струмица. ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува сите граѓани дека поради неработните денови за претстојниот празник Божиќ четврток 5ти јануари ќе биде пазарен ден.
Пазарите „Чешел„ и „Кантон„ како и Трговскиот центар „Глобал„ нема да работат петок 6ти јануари и сабота 7ми јануари.
„Воедно на сите граѓани од Православна вероисповед им поскуваме во здравје и благосостојба да го поминат претстојниот празник Божиќ“, велат од Комуналец.