• Fri. Nov 22nd, 2024

Четворица руски туристи се задушиле во сауна во Албанија

Четворица руски туристи се пронајдени мртви восауна во хотел во зоната Ќерет, во албанскиот туристички центар Каваја. Првичните сомневања се дека тие се задушиле.

Телата биле пронајдени од персоналот на хотелот, откако претходно за нивното отсуство алармирале останатите од групата туристи кои дошле да ја посетата Албанија.

Станува збор за две жени и двајца мажи. Телата се дадени на обдукција. Известена е и Руската амбасада во Албанија, а во тек е истрага.

Починатите лица се Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), Екатерина Буренкова (31) и Никита Белоусов(37).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *