• Thu. Nov 21st, 2024

Четворица пожарникари од Гевгелија заминаа за Турција

И гевгелиските пожарникари се приклучија на спасувачката мисија во Турција. Четворица припадници на територијалната противпожарна единица Гевгелија заминаа да им помагаат на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Пред заминувањето со пожарникарите се поздрљавија градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и претседателот на Советот на општина Гевгелија, Патрик Мат.

„На сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изразувам најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби, како и за болката и страдањето на роднините на настраданите и посакувам брзо закрепнување на повредените во катастрофалниот земјотрес. Во овој момент мислите на Гевгеличани се со турскиот народ и жалиме за загубата во страшната несреќа,“ напиша Сарамандов на Фејсбук.

Четворицата пожарникари се во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *