• Fri. Nov 22nd, 2024

Четири потврдени случаи на делта-сојот во земјата

Досега се потврдени четири случаи на делта-сојот во Македонија, а се чекаат резултати за уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој потврди дека вчера било регистрирано уште едно лице заразено со индискиот сој на коронавирусот (делта), кое се лекува во Велес и има полесна клиничка слика.

Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица пациенти кои се сомнителни на индискиот сој на коронавирусот и тие се лекуваат во Скопје. Еден од нив, како што рече Филипче, има потешка клиничка форма и е поставен на респираторна машина, а другите се стабилни.

Овие пациенти, како што рече министерот за здравство, не се поврзани еден со друг и не биле вакцинирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *