• Fri. Nov 22nd, 2024

Четири милиони евра и околу три и пол години за нов водовод во Богданци

Почнува заменувањето на азбестните водоводни цевки од водоснабдителниот систем во Богданци. Во следните три и пол години треба да се обнови мрежата долга 54 километри.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, вели дека Богданци ќе добие модерен водовод а што е уште поважно ќе има чиста вода за пиење за околу 5.000 жители, со оглед дека старите азбестни цевки не се заменети 60 години.

Предвидено е системот да има разделни шахти, регулатори на притисок и испумпни вентили за полесно управување со водоводната мрежа.

Блаже Шапов, градоначалник на Богданци, вели дека ќе се надмине проблемост со слаб притисок на повисоките места од Богданци, но и полесно ќе се санираат дефектите во иднина.

Новиот водоснабдителен систем ќе чини околу 4 милиони евра, а најголемиот дел од сдредствата се обезбедени со заем од Европската инвестициона банка.