• Fri. Nov 22nd, 2024

Центар за дијаспора во Василево, Босилово и Ново Село

Министерот задолжен за соработка со дијаспората Џемаил Чупи и градоначалниците на трите рурални општино од струмичко, Василево, Ново Село и Босилово потпишаа договор за отворање Канцеларии за дијаспора.

Со договорот се овозможува отворање канцеларија која како што рекоа ќе биде мост меѓу општината и Македонците кои живеат во странство.

-Многу често нашите граѓани кои живеат и работат надвор од државата имаат потреба од документи, информации и насоки како да си ги остварат своите права во Македонија. Канцеларијата за дијаспора ќе има посредничка улога и ќе им помага на граѓаните во реализација на нивните барања и потреби во Македонија. Покрај тоа, канцеларијата за дијаспора има за цел да ја зајакне врската на општината со нашите граѓани и нивните здруженија низ целиот свет во насока на унапредување на комуникацијата, зголемување на нивните активности и остварување на нивните права и можности во дијаспората, но и во насока на зголемена соработка, инвестиции и поддршка од дијаспората за локалната самоуправа. Дијаспората е составен и нераскинлив дел од нашиот народ и од нашето општество, велат градоначалниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *