Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава, во споредба со еден месец претходно, е зголемен 0,5 проценти.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна – 0,7 проценти, безалкохолни пијалаци – 0,2 отсто и ноќевања – 0,2 проценти.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен 1,2 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен 0,5 отсто, а во однос на декември 2020 година е зголемен 0,3 проценти.