• Fri. Nov 22nd, 2024

Цените на берзите паѓаат-граѓаните треба да купуваат поевтина храна

Владата ќе ги следи цените, а пазариот инспекторат ќе проверува дали маркетите ги почитуваат ограничувањата кои досега се донесени за млекото, млечните производи, лебот и тестенините. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека нема да има толеранција за непочитување на одредените цени, бидејќи анализите покажале дека цените паѓаат и на светските пазари.

Цените на храната паѓаат и на светските берзи, и вицепремиерот вели дека трговците во догледно време ќе мора да се прилагодат на нив, бидејќи кога има глобален пад на цените тоа треба да го почувствуваат и граѓаните, како крајни потрошувачи.

Владата досега донесе одлука за намалување на цената на лебот, млекото и млчените производи и тестенините, а се разгледува и ограничување на цените на јајцата, оризот и зеленчукот.