• Sun. Nov 24th, 2024

Цената на струјата незначително ќе се намали

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач „ЕВН ХОМЕ“ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18 % на 5%.

На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, информираа од РКЕ.

„Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија“, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *