Цената на пролетната зелка неисплатлива за земјоделците. Повеќе од половина пролетна зелка се уште не е продадена а цената за откуп почна да се намалува. Струмичките производители велат дека се на работ на одржливоста со цена од 20 денари за килограм. Оваа сезона зелката почна да се откупува по околу 30 денари за килограм, за разлика од минатите години кога достигнуваше и 50 денари.
Трговците се согласни дека цената не е задоволителна. Толку успеале да постигнат на странските пазари каде во моментов има побарувачка, но зелката се бара по ниска цена.
Пролетната зелка и лани слабо се продаваше, а големи количини останаа и во нивите.