• Sat. Nov 23rd, 2024

Целосно се реновира Итната медицинска помош во Струмица

Целосно се реновира Итната медицинска помош во Струмица. Затоа, во меѓу време е дислоцирана. Наместо во досегашните простории привремено е префрлена во приземјето кај очно одделние, повторно во кругот на старата општа болница. Руинираниот простор каде досега беше итната помош темелно ќе се реконструира, најави раководителката на итната медицинска помош.

Освен дотраените простории, итната медицинска помош имаше проблеми и со недоволна екипираност. Недоволно персонал а  голема територија на просторот што го опфаќаат. Поради тоа го зголемиле и бројот на лекари и медицински сестри.

Инаку, итната медицинска помош во Струмица покрива околу 100 илјади жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *