Со емотивен говор, со треперлив глас и низ незапирливи солзи, Влатко Илиевски говореше вчера на доделувањето на наградата за животно дело Свети 15 Тивериополски свештеномаченици.
Со многу паузи и видно растреперен, со Влатко плачеше и цела сала во Центар за култура „Антон Панов“ кога тој говореше за најголемите свои достигнувања, за родителите, сопругата и двата сина. Илиевски пред струмичани зборуваше за почетоците во Струмица, за луѓето што му помогнале да почне да се оформува како кошаркар, но и за семејството на кои ги посвети сите свои успеси.
Познатиот кошаркар од Струмица со светска кариера вчера го доби највисокото општинско признание Свети 15 тивериополски свештеномаченици, како заокружување на неговиот професионален кошаркарски ангажман со кој покрај клубовите за кои играше, ја претставуваше и Струмица и Македонија.