• Fri. Nov 22nd, 2024

Царовска: Подготвени сме за успешно спроведување на државната матура

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации, а кој, како и досега, предвидува изработка на проектна задача.

По овој повод, министерката за образование и наука Мила Царовска денес беше во посета на Државниот испитен центар кој е одговорен за организација на целиот процес, каде со раководството разговараше околу текот на подготвителните активности, известува МОН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *