• Sat. Nov 23rd, 2024

Царовска: Од септември учениците ќе добиваат зголемени стипендии

Во просек за 11 % се зголемуваат ученичките стипендии кои ќе се исплаќаат со стартот на новата учебна година. Со владината одлука којашто е донесена во понеделникот наместо досегашните од 2.200 до 2.970 денари на месечно ниво учениците ќе добиваат стипендија во висина од 3.500 денари. Вкупниот годишен износ кој ќе се распределува за оваа намена од речиси 87 милиони денари се зголемува на 97,8 милиони денари, а ќе бидат опфатени 3.100 ученици.

Ова го најави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со средношколските и студентските здруженија кои ја поздравија одлуката за зголемување на износите и воведување на нови стипендии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *