• Sat. Nov 23rd, 2024

Царовска: Будно ја следиме сосотојбата со Ковид во училиштата

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска се сретна со директорите на основните и средните училишта во Битола. На состанокот разговараа за текот на наставата со физичко присуство во услови на пандемија, за реформите во основното образование и за процесот на унапредување на средното стручно образование.

„ Пред нас е учебна година која на најголема радост на учениците ја започнавме со физичко присуство, но и година во која имплементираме целосно нови наставни програми во прво и четврто одделение. Досега целиот овој процес тече според предвидениот план и динамика за што сте заслужни вие директорите и локалните самоуправи кои посветено работевте навреме да ги подготвите училиштата и да ги обезбедите потребните услови со цел да имаме успешна учебна година.

Би сакала да се заблагодарам и на наставниците кои ги поминаа потребните обуки и веќе се прилагодуваат на новиот концепт. Исто така, сите заеднички продолжуваме будно да ја следиме состојбата со Ковид во училиштата, која засега е стабилна и верувам дека со доследно почитување на мерките, училиштата ќе останат безбедни и што подолго отворени за учениците”, рече Царовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *