Во моментот на смртта на Елизабета Втора, престолот моментално и без церемонија го презеде наследникот Чарлс, досегашниот принц од Велс. Сепак, тоа ќе биде следено од бројни практични и традиционални чекори низ кои што мора да помине за да стане крал.
Една од првите одлуки е дали ќе владее како Чарлс Трети или ќе избере ново име. Тој не е единствениот кој се соочи со промена на титулата. Неговиот постар син Вилијам сега стана престолонаследник, но нема автоматски да биде принцот од Велс, туку прво ќе ја наследи постарата титула на татко му, принцот од Корнвол.
Во првите 24 часа по смртта на мајка му, Чарлс и официјално ќе биде прогласен за крал, што ќе се случи во палатата Сент Џејмс во Лондон. Националната химна ќе се промени во „Боже, чувај го кралот“.