• Fri. Nov 22nd, 2024

Царината заплени непријавени антиген тестови

При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските
инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1000
парчиња антиген тестови за Ковид 19, информираат од македонската царина.

-На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријави
автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар,
управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија
Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор
биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се
наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност
од околу 50.000,00 денари, се вели во писмената информација.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени
предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за
поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка
при Царинска управа на Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *