Во Калифорнија времето не се смирува и оваа американска држава е изложена на нови удари од дожд, ветер и снег, додека бурите истовремено ги опустошуваат североисточните региони на САД.
Американската национална метеоролошка служба (NWS) предупредува на опасност од поплави во Калифорнија, а наредбите за евакуација остануваат на сила во 10 области на оваа сојузна американска држава, пренесува Ројтерс.
Реките веќе подобија поради невремето во претходниот период и можно е да се очекува нов бран на опасни по живот поплави „во крајбрежната област на Калифорнија, во подножјето на Сиера Невада, во поголемиот дел од Централната долина “, прецизираа од NWS.