• Sat. Nov 23rd, 2024

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во посета на Битола

Бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, денеска ќе ја посетат Битола каде што ќе присуствуваат на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Делегацијата ќе промовира владини проекти на Бугарија на кои ќе им претходи средба на Петков со бугарски здруженија на граѓани во земјава. Петков ќе биде прв бугарски премиер кој ќе престојува во градот под Пелистер.

По свеченоста во Битола, Петков заедно со македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го посетат и извршат увид на електро-енергетскиот проект „Битола 2“ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *