• Fri. Nov 22nd, 2024

Бугарски медиум пишува дека францускиот предлог бил „мачка во вреќа“

И Бугарија не е особено задоволна со францускиот предлог. Барем според дел од тамошните медиуми.

Со „францускиот предлог“ Бугарија доби само вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, пишува факти.бг. 

Според авторот на коментарот, освен ова, Бугарија не успеала да го заштити нејзиниот став за македонскиот јазик, а не добила ни доволно гаранции за спроведување на барањата поврзани со имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година.

– Како тогаш можеме да претпоставиме дека предлогот е добро за нас? Де факто, овој предлог е „мачка во вреќа“ и само крајно неодговорните национал-нихилисти можат врз основа на достапните информации да тврдат дека е добар, оценува „Факти.бг“.

Според порталот, чиста манипулација на претставниците на властите во Софија е тврдењето дека со „францускиот предлог“ се заштитени бугарските интереси „со преседанот меѓудржавни билатерални односи да бидат вклучени во европска рамка за преговарачки процес“.

Според порталот, не се точни ниту тврдењата на бугарските власти дека „пристапните преговори може да бидат прекинат во секој момент, доколку се утврди неисполнување на договорот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *