Бугарија под целосен карантин. Бугарија ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од 22 март. Одлуката е како дел од борбата против ширењето на заразата со Ковид-19 која ги наполни болниците, потврди денеска бугарскиот министер за здравство.
Бугарија, која треба да одржи парламентарни избори на 4 април, денеска пријави 4.201 нов случај. Од нив 7.804 лица во болниците, од кои 609 на интензивна нега, пренесува „Ројтерс“.
Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Досега земјата, со седум милиони луѓе, пријавила вкупно 291.769 случаи на коронавирус и 11.715 смртни случаи.
извор: Макфакс