• Fri. Nov 22nd, 2024

Бугарија ќе добива гас од САД по пониска цена откако Русија ја прекина испораката

Бугарија ќе добие американски течен природен гас (ЛНГ) од јуни, што ќе ѝ помогне откога руски „Газпром“ го прекина снабдувањето со гас, соопшти бугарската влада. Аранжманот бил договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американската потпретседателка Камала Харис во Вашингтон, пренесе „Индекс“.

„Вистинските испораки на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на ‘Газпром’ се договорени од јуни“, се вели во соопштението на владата.

На 27 април „Газпром“ ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што одбија да платат во рубли. Бугарија годишно троши околу 3 милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија.

Бугарија е во преговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас и се обидува да преговара за ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција. Таа исто така ја повика ЕУ да купува гас заедно за да ги направи цените поконкурентни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *