Бубев ги исполнил критериумите. Вака денеска одговори Министерството за култура. Според нив само Васил Бубев ги исполнил критериумите на конкурсот за директор на НУЦК „Антон Панов“. Во одговорот до медиумите тие велат:
Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на НУЦК „Антон Панов-Струмица“, за избор на нов директор одлучуваше по три пријави на Јавниот оглас. Во извештајот од Комисијата е наведено дека двајца од кандидатите ја немаа доставено комплетната документација. Имено, во едната пријава е констатирано дека нема доставено меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години.
За втората пријава во извештајот е наведено дека кандидатот нема доказ дека за тоа дека е познат како јавен, општествен и културен работник. Исто и доказ за минимум 5 години работен стаж од областа на културата. Или доказ за 5 години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело. Вториот кандидат исто така нема доставено и меѓународно признат сертификат. Но, и уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години
Формално-правно Бубев ги исполнил критериумите и условите од Огласот и од Законот за култура. Министерката за култура врз основа на предлогот на Комисијата, спроведеното интервју и доставената Програма одлучи и оцени дека третиот кандидат, Васил Бубев ги исполнува општите и посебните услови од Јавниот оглас да биде назначен за директор на НУ Центар за култура „Антон Панов-Струмица“.
Нема право на жалба
По Статутот на „Антон Панов“ и согласно Јавниот оглас, кандидатот за избор на директор треба да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС. Или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или хуманистичките науки. Според класификацијата објавена во Службен весник бр. 103 од 2010 година Факултетот за физичка култура спаѓа во Општествени науки.
Но, рок за жалба на одлуката нема. Причина е што во Законот за култура постапката за избор е едностепена. Таа завршува токму со Одлука за избор/ неизбор на кандидат. Инаку од причина што се работи за Оглас за работни односи, незадоволните кандидати имаат право на тужба во рок од 15 дена. Се смета од приемот на одлуката и тоа пред редовниот Граѓански суд.
Инаку избраниот кандидат доаѓа на местото на в.д. директорот Ванчо Ристов кој е од редот на вработените во оваа институција.