Брзи тестови за нормализирање на општествениот живот, предлага битанскиот премиер.
Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека брзото тестирање за коронавирус може да овозможи повторно отворање на ноќните клубови и киносали.
„Ваквиот начин на тестирање може да се користи за оние делови од економијата што не можевме да ги отвориме минатата година. „Тоа, во комбинација со вакцинацијата, веројатно ќе биде патот напред“, рече тој на прес-конференција во „Даунинг стрит“.
Но, тој истакна дека се уште е рано за конечна одлука и дека претстојат многу дискусии на оваа тема.
Извор од владата предупреди „долг е патот пред да можеме да ги вратиме луѓето на големи настани безбедно“.
Ноќните клубови во Британија не работат од првиот Ковид-локдаун во март 2020 година, а киносалите и театрите се борат за опстанок и покрај целосното почитување на протоколите за социјално и физичко дистанцирање.
извор: Макфакс