Брзи тестови на скопскиот аеродром. ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот.
Почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање е распоредeно пред терминалната зграда на Аеродром Скопје. Во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“. Резултатот може да го добијат за 15 до 20 минути од земањето примерок.
Каде е возилото за брзи тестови на скопскиот аеродром
Медицинското возило ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден кога има летови до државите кои бараат брз антиген тест. И тоа четири часа пред времето на полетување до секоја од дестинациите.
Брзите тестови на скопскиот аеродром се опција на патниците кои заминуваат кон дестинациите во Холандија, Германија и Велика Британија. Тие ќе имаат доволно време да извршат брз антиген тест. Тоа пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури.
Доколку патниците одлучат да направат брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, треба да пристигнат на Аеродром најмалку 4 часа пред времето на полетување.
Каде бараат ПЦР или брз антиген тест
Холандија бара задолжителен негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за задолжителен негативен PCR-тест.
Германија бара негативен брз антиген тест одобрен од СЗО не постар од 48 часа. Но, исто така прифаќа PCR, LAMP или TMA тестови. Велика Британија бара негативен антиген тест не постар од 72 часа, но исто така прифаќа PCR или LAMP тестови.
Меѓутоа, во моментов, само брзите антиген тестови одобрени од СЗО може да се направат на Аеродром Скопје. За сите други Ковид-19 тестови, патниците да ги направат во авторизирана болница лабораторија пред нивното пристигнување на аеродромот.
ЕУ/Шенген земјите постојано ги менуваат правилата за патување поврзани со Ковид-19. Секоја земја самостојно прави промени во однос на рестрикциите. Патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања. И тоа со нивната авиокомпанија и со Амбасадата на земјата во која што планираат да пристигнат.