• Thu. Nov 21st, 2024

Бруталното претепување во центарот на Струмица стана предмет на Јавното обвинителство

By

Mar 20, 2021

Бруталното претепување во центарот на Струмица стана предмет на Јавното обвинителство

Јавното обвинителство ќе го расветлува случајот со масовната тепачка во центарот на Струмица. Засега се прибираат докази за настанот, а кога ќе се комплетира случајот ќе се информира јавноста, велат од основното јавно обвинителство Струмица.Расправијата според очевидци почнала уште во казиното Принцес, каде вработена девојка била вербално нападната и и се заканувале со ножеви и секири. Според нејзината објава на фејсбук, станувало збор за неколкумина жители на село Баница кои биле во казиното. Од казиното Принцес денеска не сакаа да го коментираат случајот, а девојката не била на работното место.Од струмичката општа болница велат дека кај нив е донесен еден пациент од посочениот настан, којшто бил пратен на ренген каде што му е констатирана скршеница на носот. По укажаната лекарска помош, заминал на домашно лекување.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *