Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин (23), се ожени со Никола Пелц во саботата, но има намера да се фокусира на кариерата пред да планира проширување на семејството.
Минатата година ја лансираше серијата видеа Cookin’ with Brooklyn („Готвење со Бруклин“) и ги откри своите кулинарски планови во текот на разговорот со јутјуберот Дејвид Добрик.
„Јас не сум добар пекар. Изгледа дека е многу забавно, нешто што можете да го правите со вашите деца,“ рече тој.
„Затоа сакам да научам да станам одличен пекар пред да имам деца“.