Синот на Горан Стефановски, Игор, објави дека пристигнала бронзената фигура на неговиот татко во Дебар маало. На својот фејсбук профил, Игор напиша дека по повеќе од една година, конечно е завршена изработката на делото кое го прикажува нашиот најпшознат драматург на клупа во Дебар маало.
„Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!
За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје), Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите.
ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА СТАРИ! Едвај чекам да седнам до тебе пак…“, напиша Игор.