Бројот на заразени од ковид 19 се зголемува, но мерките остануваат исти
Бројот на заболени од ковид 19 во Македонија повторно расте,покажуваат тестирањата во последните неколку денови.Граѓаните сметаат дека нема потреба од воведување на поригорозни мерки.Но бројките покажуваат пораст во однос на минатата недела.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година тестирани се вкупно 15.849 материјали,а регистрирани се 2320 нови позтивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9 проценти во однос на минатата недела.