Бројот на патниците кон Грција намален за повеќе од 80 %
Во 2020 бројот на пристигнувања од Македонија во Грција се намалил за 84,5%, што во најголем дел е резултат на пандемијата и затворените граници.Од над три милиони пристигнувања во 2019 година по копнен пат од Македонија во Грција, лани, поради пандемијата и затворените граници, бројот се намалил на 500.000, односно регистриран е пад од 84,5 отсто, согласно податоците од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.