• Fri. Nov 22nd, 2024

Бројот на Ковид 19 се намалува

Бројот на Ковид-19 се намалува. Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 1 до 7 февруари бројот на новозаболени со коронавирус се намалил за 17 проценти на глобално ниво. Вкупниот број на смртни случаи во тој период се намалил за 10 проценти.

Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на Ковид-19 се намалува во светот се намалува четврта недела по ред, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на Ковид-19 се намалува. Од 1 до 7 февруари СЗО забележа 3.153.426 нови случаи на коронавирус ширум светот. 17 проценти помалку од претходната недела. И 88.369 смртни случаи, 10 проценти помалку отколку во претходните седум дена.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на Ковид-19 и 2.302.614 смртни случаи.

Бројот на Ковид-19 се намалува најмногу во Африка (22 проценти). Во Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти). Смртноста е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка.

ИЗЈ: Се намалува бројот на Ковид случаи во Струмица

Инаку, Институтот за јавно здравје објави дека се намалува и бројот на нови случаи и во Струмица.

Струмичани ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.Тоа го покажуват и податоците на бројот на заболени во Струмица последнитге неколку недели,каде навистина се забележува намалување на бројките.

Наскоро стигнуваат кинеските вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини од Кина, со што ќе се обезбеди вакацинација на 100 илјади граѓани.

Филипче рече дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакацинацијата. Здравствениот систем има капацитети да ја отпочне првата фаза. Според него откако ќе отпочне вакцинацијата на дневна основа ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани. Закажувањето за вакцинацирање ќе се спроведува преку системот „Мој термин“. Имунизацијата ќе се врши на вакцинални пунктови. Здравствените работници ќе се вакцинираат на пункт во поликлиниката во Букурешт.

Според приоритетниот план за вакцина први ќе бидат здравствените работници , кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица , во установи со лица со посебни потреби, како и матични лекари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *