Во ковид-центрите низ државата има вкупно 318 пациенти, од кои во Скопје се 138, а 181 во другите градови. Според последните податоци од Министерството за здравство, има 574 празни болнички кревети, а од нив 70 се во Скопје.
Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа поради компликации од корона вирусот се хоспитализирани 5 нови пациенти и тоа еден на Институтот за ТБЦ, двајца во ГОБ 8 Септември и двајца на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дома биле пуштени двајца оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 50 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 68 пациенти.
Што се однесува до ковид-центрите во другите градови, и натаму најмногу пациенти има во Куманово-34 и во Охрид-25. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во Штип има 19 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, а во Велес се лекуваат 17 болни. Во ковид-центарот во Прилеп има 12 пациенти, во Гостивар двајца, во Струга 22, во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти, но Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.