Пејачката Бритни Спирс соопшти дека е бремена со трето дете.
Спирс (40) не само што ја откри својата бременост туку и објави дека се омажила за својот свршеник Сем Асгари (28) нарекувајќи го мојот сопруг во објавата на „Инстаграм“ во понеделникот.
Спирс опиша како забележала промени во стомакот и веднаш сфатила дека ваквите промени не се должат на зголемување на телесната тежина.
„Направив тест за бременост… и … имам бебе“, напиша таа.
Поп-ѕвездата исто така раскажа дека имала депресија во текот на претходната бременост и дека сега чувствува оти жените може поотворено да разговараат за своето ментално здравје додека се бремени.