Британците бесни на Меган и Хари. Онлајн анкета нарачана од британскиот весник „Дејли мејл“ открива јавен бес кон Сасекси бидејќи мнозинството повикува на Хари и Меган да им бидат одземени титулите.
Повеќето Британци сметаат дека Хари и Меган рекле „погрешни нешта во погрешно време“ и не заслужуваат да бидат финансирани, и дека го нарушиле угледот на целото кралско семејство.
Повеќето Британци сметаат дека војводата и војвотката од Сасекс не биле во право што дале такво експлозивно интервју.
Мнозинството од јавноста верува дека тие ја изневериле кралицата – и треба да им бидат одземени кралските титули.