Познатиот актер Бранко Бенинов неодамна замина во пензија. Актерот од струмичкиот театар Антон Панов, вели дека е среќен што доживеал да замине во пензија.
„Оваа работа е исцрпувачка, те троши. Јас сум среќен што доживеав да заминам во пензија и да ја уживам својата пензија. Имам и зацртано како ќе го пополнувам времето,“ рече во емисијата Вис а Вис Бенинов.
Тој потенцира дека театарот е можеби најважната школа за еден актер, но, дека во неговиот случај најголемата популарност ја стекнал на телевизија.
„Во оваа куќа поминав 10 години, 500 емисии снимени во Тв ВИС, ме направија тоа што сум денес, тоа е вистината,“ вели Бенинов.
Во прилог целото интервју со новинарката Сузана Мицева.