• Sat. Nov 23rd, 2024

Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Градежната агенда во реализација на капиталните проекти продолжува со силна динамика. Подигнувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани останува приоритет на Владата, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип. Овој капитален проект, за кој инвестираме 306 милиони денари, а чија изградба започна во јули 2021 година, е еден од многуте кои преку Министерството за транспорт и врски во овој момент се реализираат во источниот регион од земјата.

Министерот Бочварски оствари средба со изведувачот кој го запознаа со деталите на процесот при изградба на оваа брана.

„Можам со големо задоволство да констатирам дека изградбата на овој голем проект за Штип и Штипјани тече со посакуваното темпо. Наближува денот кога браната ќе ја отвориме за нашите граѓани, кога ќе се исполни сонот на многу генерации Штипјани. Дури и во зимски услови, градежната компанија активно и навремено ги извршува своите градежни активности. Физичката реализација на терен изнесува над 10 проценти, а рокот за нејзино завршување е до крајот на 2023, почетокот на 2024 година и уверени сме дека ќе биде завршена според предвидениот договор.“ – изјави министерот Бочварски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *