Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, им го честиташе рождеството Христово, Божиќ на сите христијани што го чествуваат празникот по јулијанскиот каленадар.
„Сите Божји храмови се градат на убави и достапни места во кои секој може да пронајде мир, спокој и Христова љубов. Ако е така, тогаш ајде секој од нас ширум нека го отвори своето срце и нека изгради Божји храм во него, за да може со такво срце, отворено, продуховено и прочистено од бигорот на нашата грешност и од талогот на секојдневието, да го дочека Рождеството Христово“, вели Костадинов.