Струмичкиот бостан се продава за џабе. Тажна е глетката на пазарот а големо во Колешино. Производството оди скоро беспари. Од денар и половина до два денари за килограм. Приколка со четири тони бостан трговците ја купуваат за 5 до 8 илјади денари. Земјоделците велат дека немаат
Најголеми провршини под бостан во струмичко се во општина Ново Село. Таму во Колешино е и пазарот на големо, но неколкугодишните последователни лоши откупни сезони ја намалуваат желбата за одгледување на оваа култура.
Годинава производителите имаа и големи штети од невремето со град што пред еден месец го зафати овој регион. Градот уништи голем дел од производството стасано за зреење, а влијаеше и на квалитетот на родот.