• Fri. Nov 22nd, 2024

Бостанот остана во нивите во подгоријата

Завршува сезоната на бостанот во струмичко. Една од покатастрофалните во последните десетина години. Купишта непродаден бостан завршија во депониите, голем дел не се ни обра. Производителите велат дека не се сеќаваат на толку слаб интерес за струмичките лубеници од откупувачите и трговците.

Лошо се пласира и дињата, иако е застапена на мали површини. Прозводителите велат дека се разочарани затоа што надлежното министерство не се заинтересирало што тони храна се фрлаат во услови на светска криза. Освен од цените земјоделците годинава се погодени и од природните епогоди. Во јуни насадите со бостан беа погоени од град, па се уништи голем дел од родот.

Површините под бостан нагло се намалија не само поради неповолниот пласман низ годините, туку и поради масовното иселување на подгоријата, регионот каде масовно се садеше познатата струмичка лубеница.  Според проценките на земјоделските здруженија годинава е застапен на околу 800 хектари површина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *