Блокадата на Русија на извозот на милиони тони украинско жито е воено злосторство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел.
Ја повикуваме Русија да ги деблокира пристаништата. Незамисливо е милиони тони пченица да останат блокирани во Украина, додека луѓето во останатиот дел од светот да страдаат од глад“, го цитира Ројтерс европскиот министер за надворешни работи.
„Ова е вистинско воено злосторство, па не можам да замислам дека ќе трае долго“, рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.