Верувале или не, богданчанец прави ракија од јапонско јаболко. Ова овошје, кое е специфично токму за југоисточниот дел на Македонија, стана основа за производство на ракија. Оваа мајсторија е на Костадин Воданов, кој тврди дека е првиот ракијаџија кој прави ваков вид ракија во земјава.
Костадин учествува и на повеќе натпреварувања за варење ракија, од каде се враќа со многу медали и признанија. За вистинскиот рецепт се трудел со години, дури не ја погодил точната мерка што ја дава ракијата од која е задоволен.
Вели дека е заинтересиран да ја усовршува и да ја нуди како специјалитет на регионот.