• Sat. Nov 23rd, 2024

Бочварски: Ја спроведуваме најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на
завршниот настан во организација на Транспаренси Интернејшнал Македониja
на кој се дискутираше за законските постапки во делот на градежништвото и
урбанизмот.

Во своето обраќање, министерот Бочварски потенцираше дека оваа Влада ја
спроведува најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото преку
изготвување на нови законски решенија, Закон за урбанистичко планирање и
Закон за градење, каде учество земаат сите заинтерерсирани страни, се со цел
носење на квалитетна законска регулатива која ќе биде ефикасна на терен.

„Веднаш да потенцирам дека урбанизмот и градењето се долготрајни процеси.
Ова со еден удар не можеме го смениме и тоа што денеска го чувстуваме е
рефлексија од времето кога преку ноќ се носеа планови. Би дал еден пример. Урбанистичките планови донесени од 2010-2012-2014 година, најголем дел од нив денес се реализираат. Но, тоа се политиките од тој
период со поминати процедури и постапки во тоа време. Можеби сакаме со една одлука денес да промениме десетици планови, но таа одговорност и тој ризик од долготрајни штетни судски постапки по буџетите на општините, па и државниот буџет, ќе ја платат на крај граѓаните, сите ние.” –
истакна министерот Бочварски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *