Под мотото ,,Ултиматум не – благодарам’’ жители од струмичко го блокираа патниот правец Струмица Радовиш за да го изразат своето незадоволство од францускиот предлог за кревање на бугарското вето за македонските евроинтеграции. Граѓаните сметаат дека ЕУ отстапила од своите критериуми а со дадениот предлог ќе се дискриминира македонскиот идентитет и јазик и патот кон европското семејство ќе биде условуван од соседна Бугарија. Побараа Владата да го отфрли предлогот и да се слушне гласот на граѓаните кои со денови се противат на предлогот за отворање на пристапните преговори на држават во унијата.