• Fri. Nov 22nd, 2024

Битолчанец ги упатил писмените закани кон Јовески

Педесет и шестгодишен битолачанец а не терористичка организација стои зад заканите за ликвидација упатени кон републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески и шефот на Обвинтелството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска.

Осомничениот утрово е приведен од битолската полиција која извршила претсер во неговиот дом и домот на неговата мајка каде се запленети мобилен телефон и лап топ компјутер.

Истрагата потврди дека тој ги испратил двете писма иако навел лажни имиња како испраќач, а ги испратил од поштите во Битола и Прилеп.  Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста за која е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *