Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон.
На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на неговото величество, кралот Чарлс Трети.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Лосон разговараа за економските приоритети на Владата, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји, како и можностите за развој на истата истакнувајќи дека Обединетото Кралство се традиционално силни економски и партнери во развојот на нашата земја.