Која е улогата на училишниот библиотекар, како подобро да ја обавуваат својата работа и да бидат од поголема корист на вспитно-образовниот процес. Ова се само дел од темите што ги опфати на работилницата со училишните библиотекари, библиотекарката-советничка Тања Гошева.
„Работилница наменета како потреба, пред се поради значењето, местото и улогата на училишните библиотеки во образовно-воспитниот процес и подигнување на нејзината организација и стручна поставеност, адекватно на потребите на овој процес“, вели Гошева.
Се зборуваше за целта, функцијата и задачите на училишните библиотеки, но и за информативно-педагошко документаристичката дејност на училишните библиотеки.
На работилницата учествуваа 12 библиотекари од училишните библиотеки во струмичкиот регион.