Бесплатно самотестирање во Грција. Од денес во Грција ќе биде овозможено бесплатно самотестирање за наставници, ученици, студенти и административен персонал во основните и средните училишта и на факултетите.
Од 10 мај ќе се обезбеди бесплатно самотестирање на вработените во јавниот и приватниот сектор, пренесува АНА.
Самотестирањата ќе се вршат еднаш неделно, пред вработените да дојдат на работа, а резултатот ќе важи една недела.
Тестовите може да се преземат во аптеките со лична карта или со картичка за социјално осигурување.
Мерката за самотестирање не опфаќа туристи туку наставници, ученици, студенти и административен персонал.
извор: Макфакс