• Sat. Nov 23rd, 2024

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, со огромно задоволство би сакале да ве известиме дека услугите од мобилната гинеколошка амбуланта ќе бидат достапни и во општината Василево. 

Во мобилната гинеколошка амбуланта, почнувајќи од втората половина на септември 2022 година се нудат бесплатни  гинеколошки прегледи за жените и девојките од оваа општина за  превенција од рак на грлото на матката и преглед, советување и упатување, со цел унапредување на сексуалното и репродуктвното зравје.

За бесплатен ПАП тест заинтересираните можат да се пријават на телефонските броеви на Црвениот крст. Термините за преглед ќе бидат секој работен ден со почеток од 10:30  часот. 

„Ги повикуваме  сите жени и девојки од територијата на oпштина Василево, кои од втората половина на октомври 2022 година, ќе сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат и да се пријават кај нас или на тел број 075 704 520 за закажување на термин. Термините ќе започнуваат од 10:30 до 14 часот“, велат од Црвениот крст.

Мобилната гинеколошка амбуланта ќе остане во општината неколку недели,  додека има интерес кај пациентките. 

Со работата на мобилната гинеколошка амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи  и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. 

Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката. 

Прегледите, како и досега, ќе ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. 

Работата на мобилните гинеколошки амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации, кој ја обезбеди целокупната медицинска опрема неопходна за функционирање на мобилните амбуланти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *