Бесплатен престој во градинка за деца чии родители се со минимална плата во Богданци. Ваква одлука донесе општинскиот совет на последната седница на Општина Богданци кога се донесе и Буџетот за 2023 година. До пред неколку дена оваа општина го немаше усвоено Буџетот и беше единствена општина во државата која функционираше без донесен буџет за тековната година.
Програмата за бесплатен престој во градинка за деца е предлог на советникот од Левица, Михаил Тодоров. Тој за канал ВИС изјави дека ваквата одлука е добредојдена за граѓаните, со оглед на покачените трошоци за живот и целата криза која последниве години ја погоди земјата.
Висината на примањата на двајцата родители во семејството треба да е до 37.000 денари за имаат ослободување од партиципацијата за градинка.
ОСлободувањето ќе важи од месец март до крајот на 2023 година.